HomeГЛОБУСПРЕКРШЕН ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ

ПРЕКРШЕН ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ

Израелската армија (ИДФ) и Хезболах разменија обвинувања за кршење на прекинот на огнот по серијата гранични инциденти. ИДФ објави дека пресретнала неколку ракети испукани од Либан, што предизвикало активирање на сирени во областа Штула, додека Хезболах потврди преку Телеграм дека испукал ракети кон областа, пишува Би-Би-Си.Во објава на социјалната мрежа X, ИДФ соопшти дека нејзините сили убиле три лица, идентификувани како „терористи на Хезболах“, откако „неуспешно“ се обиделе да лансираат ракета кон авион на израелските воздухопловни сили. Израелската војска додава дека Хезболах испукал ракети кон своите војници во јужен Либан во два одделни инциденти. „Овие дејствија претставуваат јасно кршење на договорот за прекин на огнот“, се вели во соопштението на ИДФ.Од друга страна, Хезболах објави во четврток вечерта дека испукал ракети во северен Израел, наведувајќи го „кршењето на прекинот на огнот“ од страна на Израел како причина. Во меѓувреме, либанската државна новинска агенција објави дека Израел извршил напади утрово во градот Тир на југот од земјата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО