HomeСПОРТПСЖ СЕ СПАСИ ВО 95. МИНУТА

ПСЖ СЕ СПАСИ ВО 95. МИНУТА

Пари Сен Жермен повторно избегна пораз во самиот финиш, но начинот на кој стигна до бодот предизвика жестоки реакции кај Лил. Францускиот шампион на гостувањето кај Лил имаше негатива од 0:2, но со два гола во судиското продолжение успеа да стигне до 2:2.

Домашниот тим долго време ја имаше победата во свои раце и изгледаше дека ќе му нанесе сериозен удар на фаворитот. Сепак, ПСЖ не се предаде. Витинја со прекрасен погодок го намали резултатот на 2:1, а во самиот финиш Маркињос го постигна голот за конечни 2:2.

Токму израмнувачкиот погодок предизвика револт кај домаќините. Лил сметаше дека натпреварот требало да заврши порано, бидејќи четвртиот судија првично покажал три минути дополнително време. Маркињос, сепак, погоди во петтата минута од надополнувањето.

Од таборот на Лил веднаш следуваа остри реакции. Капитенот Бенжамен Андре порача дека може да се разбере мало продолжување, но дека дополнителното време во овој случај било предолго и директно влијаело врз исходот.

„Можам да разберам уште 30 или 40 секунди, но ова беше премногу. Токму тоа го промени натпреварот“, изјави Андре.

Уште пожесток беше претседателот на Лил, кој по натпреварот пред новинарите кратко прокоментира: „Ова е скандал!“

Од Лил побараа објаснување и за причината поради која судијата продолжил да игра. Набил Бенталеб откри дека му било кажано оти дополнителната минута е поради прекинот при првиот гол на ПСЖ.

Според правилата, времето што се покажува на крајот од регуларните 90 минути претставува минимална надокнада и може да биде продолжено доколку во текот на продолжението има дополнителни прекини.

ПСЖ така повторно се спаси во последните моменти, но наместо прослава, натпреварот остана во сенка на судиската одлука. По само две кола, актуелниот шампион веќе двапати мораше да брка резултат и да се спасува во самиот финиш.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО