HomeСПОРТРАУЛ ТОРЕНТ НА ПОЗАЈМИЦА ВО ФРАНЦИЈА

РАУЛ ТОРЕНТ НА ПОЗАЈМИЦА ВО ФРАНЦИЈА

Хрватскиот шампион Динамо Загреб го испрати шпанскиот дефанзивец Раул Торенте на едногодишна позајмица во францускиот клуб Ле Ман. Во договорот е вклучена и опција за откуп на неговиот договор по истекот на позајмицата.

Торенте пристигна во Динамо во летото 2024 година како слободен играч од Гранада и брзо се избори за место во стартниот состав. За загрепскиот клуб одигра 30 натпревари во сите конкуренции и постигна два гола, а особено добри настапи имаше во Лигата на шампионите.

Неговата кариера во Динамо, сепак, беше прекината поради сериозна повреда. На 3 мај 2025 година, на натпреварот против Хајдук на „Полјуд“, Торенте се повреди по дуел со Марко Ливаја, а дополнителните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите на коленото.

Поради долгата рехабилитација, шпанскиот стопер пропушти поголем дел од сезоната. По повеќе од девет месеци пауза тој повторно се врати на тренинзите и постепено го зголемуваше интензитетот.

И покрај враќањето, Торенте не успеа да се наметне во плановите на тренерот Марио Ковачевиќ, па двете страни се одлучија за привремена разделба.

Според податоците на Transfermarkt, 24-годишниот дефанзивец моментално има проценета пазарна вредност од околу 2,5 милиони евра. Во Ле Ман ќе има можност повторно да ја врати формата и да обезбеди поголема минутажа.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО