HomeМКДЗдравствоРЕЧИСИ 7.000 ЛУЃЕ ГОДИШНО УМИРААТ ОД СРЦЕВИ БОЛЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

РЕЧИСИ 7.000 ЛУЃЕ ГОДИШНО УМИРААТ ОД СРЦЕВИ БОЛЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Срцевите и другите кардиоваскуларни заболувања остануваат најголемиот здравствен ризик во Македонија. Минатата година од овие болести починале 6.888 лица, односно околу 34 отсто од сите регистрирани смртни случаи.

По повод Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организираше бесплатни превентивни проверки, при што граѓаните можеа да го измерат притисокот и шеќерот во крвта и да добијат совети од здравствени работници.

Министерот за здравство Сашо Клековски порача дека редовните контроли се важни за навремено откривање на ризик-факторите, особено кај високиот крвен притисок и дијабетесот.

Најавени се и промени со кои резултатите од систематските прегледи би можеле да се внесуваат директно во медицинските досиеја на пациентите. Се разгледува и можноста основни мерења на притисок и шеќер да се вршат во аптеките под јасно утврдени стандарди.

Проблемот не е само македонски – кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смрт и во ЕУ. Според најновите податоци на Евростат, во 2023 година тие биле причина за 1,6 милиони смртни случаи, односно 32,5 отсто од сите смртни случаи во Унијата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО