HomeМКДЕкономија46 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ШЕСТ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

46 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ШЕСТ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

Шест големи хидроелектрани во Македонија ќе добијат нова опрема и ќе бидат модернизирани со инвестиција од околу 46 милиони евра. Проектот ќе ги опфати Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица.

Финансирањето е обезбедено преку 35 милиони евра заем од германската КфВ банка и околу 10,7 милиони евра европски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Со обновувањето на постројките се очекува помалку дефекти и прекини, подолг работен век на опремата и поголема сигурност во производството на електрична енергија.

Според АД ЕСМ, модернизацијата ќе го зголеми инсталираниот капацитет за 13,5 мегавати и ќе овозможи дополнително годишно производство од околу 50 гигават-часови електрична енергија. Од зголеменото производство и балансните услуги се очекуваат најмалку пет милиони евра дополнителни годишни приходи.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека инвестицијата ќе придонесе за зголемување на производството од обновливи извори и за поголема сигурност на електроенергетскиот систем.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, порача дека земјата располага со значаен хидроенергетски потенцијал, но дека за негово целосно искористување е потребна модернизација на постојните капацитети.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО