HomeМКДРОДИТЕЛИТЕ ВО НЕИЗВЕСНОСТ ЌЕ СЕ ЗАТВОРААТ УЧИЛИШТА

РОДИТЕЛИТЕ ВО НЕИЗВЕСНОСТ ЌЕ СЕ ЗАТВОРААТ УЧИЛИШТА

Процесот на оптимизација на училишната мрежа предизвика реакции кај родители во повеќе општини, особено таму каде што се планира затворање или реорганизација на подрачни училишта.

Во општина Карбинци, 13 ученици од прво до петто одделение од село Долни Балван, според планот, од 1 септември треба да продолжат со настава во соседното село Таринци.

Родителите реагираа против затворањето на подрачното училиште и побараа одлуката да се преиспита.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска порача дека е запознаена со протестот и дека ќе се разговара со општината и родителите за да се најде решение. Таа нагласи дека Министерството нема да наметнува решенија без консултации со локалната заедница.

Градоначалникот на Карбинци, пак, посочи дека со оптимизацијата во општината ќе бидат опфатени вкупно шест паралелки.

Оптимизацијата ја спроведуваат општините, додека Министерството за образование дава предлози со образложение дека промените треба да бидат во интерес на учениците и квалитетот на наставата.

Засега останува отворено прашањето дали пред почетокот на учебната година ќе има дополнителни промени и уште колку училишта би можеле да бидат затворени или реорганизирани.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО