На 26 август 2018 година, Дебар беше потресен од тешко злосторство во кое животот го загубија три члена на едно семејство. Според обвинението, во семејниот дом биле усмртени мајката, таткото и малолетната сестра на обвинетата.
Случајот предизвика голем интерес во јавноста и со години потоа продолжи да биде предмет на судска постапка. Обвинителството подоцна поднесе обвинение против три лица, при што на првообвинетата ѝ беше ставено на товар директното извршување на убиствата, додека другите две лица беа обвинети за помагање.

