HomeГЛОБУССЕМЕЈСТВАТА ГИ ПРЕЗЕДОА ТЕЛАТА

СЕМЕЈСТВАТА ГИ ПРЕЗЕДОА ТЕЛАТА

Телата на 14 бебиња кои загинаа во пожар во Пакистан им биле предадени на нивните семејства откако надлежните служби ја завршиле постапката за нивна идентификација, соопшти пакистанскиот државен министер за внатрешни работи Талал Чаудри.

Според неговите информации, властите не дозволиле телата да бидат предадени пред да биде потврдена нивната идентификација. Министерот не прецизираше дали при постапката биле користени ДНК-тестови.

Дел од семејствата успеале да ги препознаат бебињата според идентификациските нараквици, додека во други случаи возраста помогнала при потврдувањето на идентитетот. Чаудри посочи дека меѓу настраданите имало новороденчиња стари само неколку часа, но и бебиња кои биле стари неколку дена.

Тој наведе дека Исламабад располага со потребната форензичка опрема и дека надлежните институции ги користеле достапните капацитети во процесот на идентификација.

Во пожарот, според официјалните податоци, биле спасени седум бебиња, две лица и десет мајки. Новороденчињата во моментот на несреќата биле сместени во инкубатори во мал оддел, каде што имало и лекар и друг медицински персонал.

Министерот изјави дека спасувачките екипи пристигнале приближно шест до седум минути по добивањето на повикот. Тој ја оцени спасувачката операција како успешна, иако на местото на несреќата имало и критики за начинот на кој службите реагирале.

Трагедијата предизвика голема загриженост во јавноста, особено поради фактот што меѓу жртвите се најдоа новороденчиња кои биле во првите денови од својот живот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО