HomeСПОРТСКОПЈЕ ГОСТУВА ВО ГОСТИВАР,

СКОПЈЕ ГОСТУВА ВО ГОСТИВАР,

Арсими денеска го продолжува настапот во домашното првенство со натпревар против Скопје, во кој гостиварскиот тим ќе се обиде да ја потврди добрата форма и да стигне до уште еден значаен резултат.

Тимот во овој дуел влегува со зголемена самодоверба по триумфот против Шкендија Арачиново, каде Арсими одигра ефикасно и заслужено освои три бода. Посебно се истакна Лорик Каба Јакупи, кој двапати ја затресе мрежата и беше еден од најзаслужните за победата.

Јакупи смета дека успехот од претходното коло е дополнителен поттик за екипата пред денешниот натпревар.

„Победата ни даде голема самодоверба и дополнителен мотив. Задоволен сум од двата гола, но најважно е што како тим функциониравме добро и заеднички стигнавме до позитивен резултат“, вели Јакупи.

Младиот фудбалер очекува Скопје да биде сериозен противник, но верува дека Арсими е подготвен за предизвикот и дека подготовките во текот на неделата ќе помогнат тимот да одигра на посакуваното ниво.

Од клубот очекуваат значајна поддршка од навивачите, кои треба да бидат дополнителен мотив за фудбалерите во борбата за нови бодови.

„Знаеме дека нема да биде лесно, но максимално сме подготвени. Сакаме да ја продолжиме серијата со добри резултати и повторно да ги израдуваме нашите навивачи. Нивната поддршка ни значи многу и се надеваме дека заедно ќе стигнеме до нова победа“, порача Јакупи.

Дуелот меѓу Арсими и Скопје е закажан за денеска од 16:30 часот, а домаќин ќе биде Градскиот стадион во Гостивар.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО