Светската поп-ѕвезда Џени и adidas ја претставија својата нова заедничка колекција, која ги комбинира препознатливата спортска естетика на брендот со уникатниот моден стил на музичарката.
Новата линија долго време беше најавувана, а со неа продолжува соработката меѓу Џени и adidas, која во изминатиот период привлече големо внимание кај љубителите на музиката, модата и спортската облека.
Соработката беше официјално претставена преку видео во кое Џени танцува облечена во парчиња од новата колекција, меѓу кои се спортски шорцеви, чорапи до колена и класична спортска јакна.
Колекцијата е инспирирана од танцот и вклучува различни спортски комбинации, плетени тренерки со поширок крој, топови, грејачи за нозе со препознатливите три линии на adidas, како и трикоа.
Во дизајните доминираат црната и белата боја, како и светлите неутрални тонови, што овозможува парчињата лесно да се комбинираат меѓусебно и да се носат во различни пригоди.
Особено внимание привлече и новиот модел Superstar SQ Ballet, кој претставува комбинација од балетанки и класични патики. Обувките имаат четвртаст преден дел и врвки во форма на ленти, со што добиваат поинаков и препознатлив изглед.
Колекцијата JENNIE x adidas Originals е достапна преку официјалните продажни канали на adidas, како и во одбрани продавници.
Новата соработка уште еднаш покажува колку силно музичките ѕвезди влијаат врз модните трендови, а Џени во последните години се наметна како една од највлијателните личности кога станува збор за поврзувањето на музиката, модата и уличниот стил.

