HomeМКДЕкономијаСТОЧАРИТЕ БАРААТ ИТНО ОБЕШТЕТУВАЊЕ

СТОЧАРИТЕ БАРААТ ИТНО ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Загубите предизвикани од овчата сипаница ги натераа одгледувачите на овци и кози да побараат итна помош од институциите. На состанок во Штип тие денеска ги усогласуваат мерките и барањата што ќе ги достават до Владата и Министерството за земјоделство.

Од Сојузот на одгледувачи на овци и кози проценуваат дека досега од болеста угинале меѓу 7.000 и 10.000 овци.

Како приоритет го посочуваат брзото обесштетување на сточарите кои ги изгубиле животните. Велат дека дел од одгледувачите се воздржуваат од пријавување поради страв од долги процедури и неизвесност околу надоместокот.

Сточарите бараат и јасна информација за вакцините што се очекуваат од Турција. Според нив, најавите за пристигнување за десетина дена досега не се реализирани, а во најпогодените региони веќе е доцна за навремена превенција.

По состанокот, барањата ќе бидат доставени до надлежното министерство и до Владата, а сточарите очекуваат конкретни мерки за да се спречат нови загуби во секторот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО