HomeРЕТРОВИЗОРТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ШТИП–ВЕЛЕС

ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ШТИП–ВЕЛЕС

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип–Велес заврши трагично, откако животот го загуби 72-годишен жител на Штип. Во несреќата учествувале два автомобила, а еден од возачите бил повреден.

Според информациите за настанот од 12 октомври 2025 година, во судирот учествувале „фолксваген пасат“, управуван од 72-годишниот маж, и „фолксваген голф“, зад чиј волан бил 18-годишен жител на Струмица.

Несреќата била пријавена во полицијата околу 14:15 часот. Младиот возач се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување медицинска помош.

На местото на судирот бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Надлежните служби презеле мерки за утврдување на причините и околностите што довеле до трагичната несреќа.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО