HomeГЛОБУСФРАНЦИЈА ГО ОБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА БАСТИЛЈА

ФРАНЦИЈА ГО ОБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА БАСТИЛЈА

Франција денеска го одбележува Денот на Бастилја, националниот празник на земјата, со традиционалната воена парада на булеварот Шанзелизе во Париз. На свеченоста, покрај францускиот претседател Емануел Макрон, присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, испраќајќи порака за европско единство и континуирана поддршка за Украина.

Парадата започна со прелет на два борбени авиони „Мираж 2000“, управувани од француски и украински пилоти, што беше оценето како симболичен чин на француската воена и политичка поддршка за Киев.

Според информациите од Елисејската палата, овогодишното одбележување е најголемо досега. Во дефилето учествуваат околу 6.800 припадници на вооружените сили, заедно со значително поголем број воени возила и друга воена опрема.

Колоната ја предводеа околу 500 војници од земјите членки на таканаречената „Коалиција на подготвените“, додека украинските војници маршираа на крајот од парадата. Нивното појавување беше поздравено со силен аплауз од присутните, јавуваат светските медиуми.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО