HomeГЛОБУСХИТЛЕР МУСОЛИНИ ФЛОРЕС ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ПЕРУ

ХИТЛЕР МУСОЛИНИ ФЛОРЕС ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ПЕРУ

Необичното име на новоизбраниот градоначалник на перуанскиот град Керопалка привлече внимание во јавноста. Хитлер Мусолини Симеон Флорес, кандидат на левoцентристичката партија „Аора Насион“, победил на локалните избори со освоени 34 отсто од гласовите.

Според информациите објавени во локалните медиуми, трката била исклучително неизвесна, а разликата меѓу тројцата водечки кандидати изнесувала само 42 гласа. И покрај вниманието што го предизвика неговото име, за Флорес засега нема многу јавно достапни информации. Во претставувањето на неговата кандидатура е наведено дека управува со инвестициската група „Симеон Сак“, но не е дадено објаснување за потеклото на неговото необично име.

Ова не е првпат политичар со име поврзано со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер да учествува на избори во Перу. Во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчес бил избран за градоначалник на областа Јунгар, победувајќи го противкандидатот Ленин Владимир Родригез Валверде. За време на кампањата, Алба се обидел да направи разлика меѓу своето име и историската личност со која се поврзува, изјавувајќи пред медиумите дека е „добриот Хитлер“.

Сличен случај има и во Намибија, каде што Адолф Хитлер Уунона повторно победил на локалните избори, освојувајќи петти последователен мандат. Во изјава за Би-Би-Си, тој објаснил дека како дете името му изгледало сосема вообичаено и дека дури подоцна станал свесен за историското значење и поврзаноста со нацистичкиот лидер.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО