HomeМКДЦРН ОБЛАК ГО НАДВИСНА СКОПЈЕ

ЦРН ОБЛАК ГО НАДВИСНА СКОПЈЕ

Жителите на Скопје утрово забележаа густ црн чад кој се издигна над Водно, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните кои го забележаа чадот од различни делови на градот. Причината за големиот облак чад бил пожар што избувнал во двокатен автобус на ЈСП Скопје.

Според првичните информации, автобусот се запалил во близина на видиковецот на Водно. По избувнувањето на пожарот, на терен биле упатени екипи на скопската противпожарна бригада, кои веднаш започнале со интервенција.

Од надлежните служби информираат дека во моментот нема индикации дека пожарот се проширил кон околната вегетација. Сепак, поради локацијата и присуството на суви површини, пожарникарите презеле мерки за да се спречи евентуално ширење на огнот.

Засега нема официјални информации за причината поради која избувнал пожарот. Не е потврдено ниту дали во инцидентот има повредени лица.

Автобусот претрпел материјална штета, а дополнителните информации за инцидентот се очекуваат по завршувањето на интервенцијата и утврдувањето на околностите под кои дошло до пожарот.

Густ црн чад можеше да се забележи над Скопје, а фотографиите и снимките од Водно брзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Надлежните служби остануваат на терен, а повеќе детали за пожарот се очекуваат во текот на денот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО