HomeМКДЧЕНТО ДОБИВА НОВИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ

ЧЕНТО ДОБИВА НОВИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ

Жителите на Ченто наскоро ќе имаат подобри услови за пешачење, откако Општина Гази Баба започна со изградба на нови пешачки и пристапни патеки во населбата.

Активностите се дел од инфраструктурните зафати со кои се уредуваат јавните површини и се олеснува движењето на граѓаните, особено на најмладите и повозрасните жители.

Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека по завршените активности во Автокоманда, градежните работи продолжуваат и во други населени места во општината.

Според него, целта е постепено да се создадат уредени и безбедни пешачки коридори низ цела Гази Баба, со што секојдневното движење на граѓаните ќе биде полесно и посигурно.

Од општината најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во инфраструктурата и проекти кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на жителите.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО