HomeМКДПАРКОТ НА НОВИНАРИТЕ СЕ ЧИСТИ ПО ПОВЕЌЕ ГОДИНИ

ПАРКОТ НА НОВИНАРИТЕ СЕ ЧИСТИ ПО ПОВЕЌЕ ГОДИНИ

Просторот спроти зградата на „Нова Македонија“, кој скопјани го препознаваат како Парк на новинарите, повторно е предмет на интервенција поради натрупан отпад, импровизирани живеалишта и повеќекратни пријави од граѓаните.

Екипи на Општина Центар, заедно со инспекциските служби, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и полицијата, спроведоа акција за расчистување на локацијата и отстранување на насобраниот отпад.

Според општината, проблемот на ова место трае подолг период. Во паркот престојувале лица без дом, кои поставувале шатори и други импровизирани објекти, а со текот на времето се создале и сериозни хигиенски проблеми.

Жителите од околните згради повеќепати барале реакција од надлежните, пријавувајќи не само нечистотија, туку и случаи на нарушување на јавниот ред и физички конфликти.

Од Општина Центар велат дека ова не е прва интервенција на локацијата, бидејќи по претходните расчистувања дел од проблемите повторно се појавувале.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека општината ќе продолжи да реагира кога јавниот простор е загрозен, но истовремено побара и државните институции да се вклучат во трајно решавање на проблемот со бездомните лица.

По завршувањето на акцијата, просторот треба да биде целосно расчистен и повторно достапен за граѓаните, со цел Паркот на новинарите да стане уредено и безбедно место за престој и секојдневно користење.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО