ШТО ГИ ОЧЕКУВА ТУРИСТИТЕ ВО ГРЧКА

0
11

Во наредните денови се очекува Грција да доживее ненадејна промена на временските услови – од високи температури и влажност до обилни поројни дождови, грмотевици и локални град. Туристите што летаат во Грција на Јонското и Егејското Море треба да обрнат внимание на брзата промена на времето што може да влијае на нивниот престој на плажа и екскурзии. Во текот на денешниот ден, во поголемиот дел од Грција ќе преовладува сончево и топло време, со температури од 30 до 34°C во континенталните области, додека на островите ќе биде малку попријатно, околу 30°C. Сепак, од средината на денот се очекува нестабилност, особено во континенталните делови на земјата – во внатрешноста на Пелопонез, централна Грција и Македонија, можни се краткотрајни врнежи од дожд и локални грмотевици, најчесто во планинските области. Веќе од утре, времето ќе стане значително понестабилно низ цела Грција. Се очекуваат посилни грмотевици, интензивни електрични празнења и локално можен град. Централните и северните делови од земјата ќе бидат најизложени на ризик, каде што се очекуваат пообилни врнежи од дожд во попладневните часови. Нестабилноста ќе влијае и на некои делови околу Атина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here