HomeМКДЌЕ СЕ ПРАВИ НОВА РЕВИЗИЈА

ЌЕ СЕ ПРАВИ НОВА РЕВИЗИЈА

Предметот „Сеопфатно сексуално образование“ засега нема да биде воведен како изборен предмет во средните училишта. Министерството за образование и наука одлучи да ја повлече наставната програма и да направи дополнителна ревизија по реакциите во јавноста.

Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека програмата ќе биде разгледана детално, со цел да се утврди дали има содржини кои предизвикуваат забелешки.

Според неа, во програмата се опфатени теми поврзани со семејството, заштита од сексуално преносливи инфекции, превенција од несакана бременост, родова рамноправност и недискриминација.

Јаневска посочи дека за содржината ќе се консултира и Бирото за развој на образованието, нагласувајќи дека програмата ќе биде разгледана детално пред да се донесе конечна одлука.

Таа оцени дека постојат научни аргументи за користа од сексуалното образование кај средношколците, особено поради возраста и темите со кои младите се соочуваат. Предметот требаше да биде изборен и да можат да го изберат ученици од прва до четврта година.

По ревизијата се очекува да биде познато дали и во каква форма предметот повторно ќе биде понуден во средното образование.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО