HomeМКДЌЕ СЕ СЛЕДИ ПОСТАПУВАЊЕТО НА СЛУЖБЕНИЦИТЕ

ЌЕ СЕ СЛЕДИ ПОСТАПУВАЊЕТО НА СЛУЖБЕНИЦИТЕ

Триесет телесни камери се ставени на располагање на царинските службеници со цел да се зголемат транспарентноста и отчетноста при нивното работење.

Боди-камерите треба да придонесат за подобро следење на професионалното постапување на цариниците и за зајакнување на интегритетот во контролите насочени кон сузбивање на шверцот и организираниот криминал.

Опремата е обезбедена како донација преку американската програма ICITAP, која е дел од Министерството за правда на САД и обезбедува меѓународна обука и поддршка во областа на криминалистичките истраги.

Програмата ICITAP е основана во 1986 година и соработува со институции во различни земји со цел унапредување на капацитетите за спроведување на законот и борба против криминалот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО