HomeМКДСЕМЕЈСТВАТА И ГРАЃАНИТЕ ПО 49. ПАТ НА „МАРШОТ ЗА АНГЕЛИТЕ“

СЕМЕЈСТВАТА И ГРАЃАНИТЕ ПО 49. ПАТ НА „МАРШОТ ЗА АНГЕЛИТЕ“

Со тивка болка, но и со јасна порака за правда, семејствата и граѓаните во Кочани вчера повторно излегоа на улиците за да им оддадат почит на 63-те млади животи загубени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

По 18 месеци од несреќата, се одржа 49. „Марш за ангелите“, на кој присутните потсетија дека времето не ја брише болката што ја носат семејствата. Од Здружението „16 Март 2025“ порачаа дека зад бројката од 63 жртви стојат 63 семејства кои и понатаму секојдневно се соочуваат со загубата.

Маршот започна во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата, а учесниците повторно испратија пораки за вистина, одговорност и правда.

Од здружението упатија апел поддршката кон семејствата да не остане само на интернет и на социјалните мрежи, туку граѓаните да ја покажат и со присуство, солидарност и почит.

За семејствата, секој нов марш е потсетување дека трагедијата не смее да биде заборавена. Тие сакаат Кочани заеднички да ја испраќа пораката дека човечкиот живот, безбедноста и одговорноста мора да бидат на прво место.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО