HomeСПОРТ16 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ВО БОРБА ЗА СВЕТСКИОТ ТРОН

16 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ВО БОРБА ЗА СВЕТСКИОТ ТРОН

Светското првенство во женска кошарка започнува в петок, 4 септември, во Берлин, а најдобрите 16 репрезентации во светот ќе се борат за титулата до 13 септември.

Турнирот ќе донесе вкупно 36 натпревари, а репрезентациите се поделени во четири групи. Во групата А се Германија, Шпанија, Јапонија и Мали, додека во групата Б се Франција, Унгарија, Нигерија и Јужна Кореја.

Групата Ц ја сочинуваат Австралија, Белгија, Турција и Порторико, а во групата Д се САД, Кина, Италија и Чешка.

Главен фаворит за златото повторно е селекцијата на САД, која ја брани титулата и ќе се обиде да продолжи со доминацијата на светските првенства. Американките на стартот ќе играат против Кина.

По групната фаза следува елиминацискиот дел, четвртфиналето е закажано за 10 септември, полуфиналето за 12 септември, а големото финале и натпреварот за третото место ќе се играат на 13 септември во Берлин.

Светското првенство во Берлин се очекува да привлече големо внимание, со настап на голем број од најдобрите кошаркарки во светот и жестока борба за медалите.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО