HomeМКДЗдравствоНЕМА ДОВОЛНО ТЕРАПИЈА ВО СТРУШКАТА БОЛНИЦА ЗА ДИАЛИЗА

НЕМА ДОВОЛНО ТЕРАПИЈА ВО СТРУШКАТА БОЛНИЦА ЗА ДИАЛИЗА

Пациентите кои примаат дијализа во Специјализираната болница за нефрологија во Струга реагираат дека веќе подолг период нема доволно еритропоетинска терапија, лек што им е неопходен за одржување на нормално ниво на хемоглобин.

Според нив, поради недостигот, терапијата не ја добиваат редовно, туку само пациентите кај кои здравствената состојба е најсериозна. Велат дека тоа предизвикува слабост, замор и дополнително влошување на нивната состојба.

Во болницата им било објаснето дека не се испорачани доволни количини од лекот, додека од Министерството за здравство добиле информација дека неодамна бил извршен увоз. Пациентите бараат надлежните што поскоро да обезбедат доволно терапија за сите.

Во струшката болница дијализа примаат околу 100 пациенти, а дел од нив, поради недостигот, се принудени сами да ја купуваат терапијата, што значително им ги зголемува трошоците. Тие апелираат институциите итно да го решат проблемот, бидејќи лекот е од суштинско значење за нивното здравје и живот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО