HomeГЛОБУСРУСИЈА ПОВТОРНО НАПАДНА СО БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ

РУСИЈА ПОВТОРНО НАПАДНА СО БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ

Русија во текот на ноќта повторно изврши масовен воздушен напад врз Украина, при што балистички ракети повторно беа насочени кон главниот град Киев. Станува збор за трет напад врз украинската престолнина во период пократок од една недела, додека борбите меѓу двете земји продолжуваат со несмален интензитет.

Според украинските власти, покрај ракетните напади биле лансирани и голем број беспилотни летала. Противвоздушната одбрана успеала да пресретне поголем дел од дроновите, но не успеала да ги собори балистичките ракети, кои повторно предизвикале штета.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека по нападите избувнале пожари во магацински објект и во една деловна зграда во различни делови на градот. Засега нема официјални информации за бројот на евентуални жртви.

Под воздушен удар во текот на ноќта се нашол и Харков, вториот по големина град во земјата, каде локалните власти исто така пријавија ракетни напади.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја нагласи потребата од дополнителни системи за противвоздушна одбрана, посочувајќи дека тие се клучни за заштита од балистички ракети. Се очекува ова прашање да биде една од темите на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп, која е планирана во рамките на Самитот на НАТО.

Од друга страна, руските власти соопштија дека и нивна територија била цел на украински напади со беспилотни летала. Според локалните информации, едно лице загинало, а оштетени биле повеќе индустриски објекти.

И покрај дипломатските контакти и разговорите меѓу светските лидери, двете страни остануваат на своите позиции, а борбите продолжуваат без знаци за брзо прекин на конфликтот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО