HomeМКДПОЖАРОТ ВО МАРИОВО СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРУШЕВИЦА

ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРУШЕВИЦА

Силниот ветер ја отежнува интервенцијата, во гаснењето се вклучени копнени екипи и ер-трактори

Пожарот што зафати делови од Мариово продолжува да се шири во правец на селото Крушевица. Според надлежните, селото Чаниште засега не е загрозено, а екипите на терен се обидуваат да го сопрат огнот и да го задржат под контрола.

Во акцијата се ангажирани четири специјални возила „пинцгауер“, како и противпожарни екипи кои работат на создавање пресечни линии и заштитни појаси.

Поради силниот ветер и неповолните услови, полицискиот хеликоптер привремено е повлечен од интервенцијата. Надлежните процениле дека во моментот неговото дејствување може да има ограничен ефект и дополнително да го распламти пожарот.

Гаснењето од воздух продолжува со ер-трактори, додека копнените тимови се концентрирани на спречување на понатамошното ширење на огнот.

Засега нема директна опасност за трите манастири во погодениот регион, кои се обезбедени со заштитни појаси. Сите ангажирани екипи се во добра состојба.

Пожари се активни и на други локации во земјава, а променливиот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите. Надлежните апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни и да не предизвикуваат нови пожари во услови на високи температури и сува вегетација.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО