HomeМКДНАД 30 ПОЖАРИ ЗА ЕДЕН ДЕН

НАД 30 ПОЖАРИ ЗА ЕДЕН ДЕН

Над 30 пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на вчерашниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој повторно апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи сувата вегетација создава услови огнот брзо да се прошири.

Особено сериозна била состојбата во Струмичко, каде што вчера избувнале четири пожари. Кај селото Куклиш огнот се приближил до првите куќи, но брзата интервенција на пожарникарите од Струмица, Радовиш и Валандово спречила поголема опасност.

Активен е и пожарот на планината Жеден, кој се движи во правец на Радуша. Огнот зафаќа тежок и карпест терен, но засега нема директна опасност за населените места.

И покрај најавените локални врнежи, надлежните предупредуваат дека ризикот од пожари останува висок.

„И најмала искра може да предизвика голема катастрофа“, предупреди Ангелов.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО