Собранието со 81 глас „за“ ја изгласа потребата од носење на Предлог-закон за пријавување и проверка на странските директни инвестиции.
Со законското решение се предвидува воспоставување национален механизам за скрининг на инвестиции во критични и чувствителни сектори, доколку постои ризик по националната безбедност, јавниот ред или стратешките интереси на државата.
Проверката ќе опфаќа одредени инвестиции со стекнување најмалку 10 отсто од основната главнина или правото на глас, со вредност од најмалку 50.000 евра.
МНР и надворешна трговија ќе ја координира постапката со надлежните институции, додека конечната одлука ќе ја носи Владата. Инвестицијата може да биде одобрена, одобрена под услови или одбиена.
Против одлуката инвеститорот ќе има право да поведе управен спор.

