HomeГЛОБУСХАКЕРИ ОБЈАВИЛЕ 1,4 МИЛИОНИ ДОКУМЕНТИ БЕРЛИН ОДБИЛ ДА ПЛАТИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА

ХАКЕРИ ОБЈАВИЛЕ 1,4 МИЛИОНИ ДОКУМЕНТИ БЕРЛИН ОДБИЛ ДА ПЛАТИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА

Речиси шест терабајти податоци од администрацијата на Берлин завршиле на дарк веб откако градските власти одбиле да платат откуп што го барала хакерската група „Rhysida“.

Напаѓачите објавиле околу 1,44 милиони датотеки, за кои се тврди дека содржат и чувствителни информации поврзани со работата на германските институции. Берлинските власти и политичкиот врв засега не дадоа детално објаснување за обемот на инцидентот.

Меѓу објавените материјали, според достапните информации, се наоѓа и документ со назив „AG CBRN-Rahmenplanung“. Ознаката CBRN се однесува на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.

Покрај овие материјали, наводно се објавени и документи поврзани со истраги на Покраинската криминалистичка полиција, планови за одбрана и кризно управување, како и информации за комуникациски канали кои би се користеле во вонредни ситуации.

Истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф оцени дека станува збор за сајбер-напад со сериозни последици по безбедноста. Според него, меѓу украдените податоци има и информации поврзани со одбранбени компании и планови на државни институции за постапување во кризни ситуации.

Особено загрижувачки е фактот што во објавениот материјал се наоѓаат и лични податоци на државни службеници. Наводно протекле изводи од матични книги, евиденции за отсуства, приватни телефонски броеви и адреси на живеење.

Хакерската група претходно побарала откуп од 30 биткоини, што во моментот на барањето било проценето на околу два милиони евра. Напаѓачите поставиле рок до петок во 15:35 часот, со закана дека ќе ги објават украдените податоци доколку не биде исплатен износот.

Берлинскиот Сенат уште пред истекот на рокот порача дека нема намера да попушти пред ваков тип уцена. Набргу по истекот на рокот, хакерите го објавиле целиот пакет податоци на дарк веб.

Случајот отвора сериозни прашања за безбедноста на информациските системи на германската престолнина, особено поради наводната содржина на дел од документите и големиот број лични податоци што биле компромитирани.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО