HomeРЕТРОВИЗОР15 ЖИВОТИ ЗАСЕКОГАШ ЗАГУБЕНИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

15 ЖИВОТИ ЗАСЕКОГАШ ЗАГУБЕНИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

На денешен ден, 5 септември 2009 година, Охридското Езеро беше место на една од најтрагичните несреќи во поновата историја на Македонија. Туристичкиот брод „Илинден“ потона во близина на автокампот „Елешец“, при што животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случила околу 10:30 часот, на приближно 200 до 250 метри од брегот. На бродот имало туристичка група која патувала од Охрид кон Свети Наум.

Во драматичното спасување учествувале екипажите на други пловила, капетанот на „Илинден“ и граѓани кои веднаш пристигнале на местото. Благодарение на брзата реакција, биле спасени десетици патници.

Трагедијата остави длабока трага и во Охрид и во Бугарија. Секоја година на 5 септември се оддава почит на жртвите, а пред спомен-обележјата се положува цвеќе во нивен спомен.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО