Вардар 1961 ги загуби и математичките шанси за пласман во Европската лига, откако Мелсунген го совлада Висла Плоцк со 28:26 во петтото коло од ракометната Лига на шампионите.
Германскиот состав ја оправда фаворитската улога во неизвесен натпревар, во кој на полувремето имаше предност од 15:14. По паузата, Мелсунген успеа да го задржи ритамот и во најголем дел од вториот дел да одржува водство од два до три гола, доволно за да стигне до конечниот триумф.
Ерик Баленсиага и Арон Ханс Менсинг беа најрасположени кај победничкиот тим, постигнувајќи по шест погодоци. Во составот на Висла Плоцк, Бјере и Косоротов завршија со по четири гола.
Резултатот е неповолен и за Вардар, кој со исходот од овој дуел остана без можност да се пласира во елиминациската фаза на Европската лига.
Без продолжување во следната фаза остана и Пик Сегед, чиј дрес го носи новиот македонски репрезентативец Дмитро Хориха. Унгарскиот тим одигра 33:33 против ГОГ Гудме, резултат со кој и тој ги загуби шансите за пласман во елиминациската фаза и ќе продолжи во Европската лига.

