На 3 ноември 1957 година, издавачката куќа Sun Records ја објави песната „Great Balls of Fire“ на американскиот музичар Џери Ли Луис, која подоцна ќе стане една од најпрепознатливите рокенрол-композиции на сите времиња.
Со својот препознатлив настап на пијано, енергичниот ритам и необичниот сценски стил, Луис брзо се издвои од тогашната музичка сцена. Песната доживеа огромен комерцијален успех, продадена во милиони примероци и се искачи високо на музичките топ-листи во САД и Велика Британија.
„Great Balls of Fire“ остана едно од најголемите музички обележја на педесеттите години и композиција која имаше значително влијание врз развојот на рокенролот.

