HomeРЕТРОВИЗОРОТКРИТИЕТО НА РЕНТГЕНОТ ЈА ПРОМЕНИ МЕДИЦИНАТА И НАУКАТА

ОТКРИТИЕТО НА РЕНТГЕНОТ ЈА ПРОМЕНИ МЕДИЦИНАТА И НАУКАТА

На 8 ноември 1895 година, германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген дошол до откритие што засекогаш го променило развојот на медицината. Додека експериментирал со катодни зраци на Универзитетот во Вирцбург, забележал непознат вид зрачење кое можело да помине низ одредени материјали и да остави трага на фотографска плоча.

Новото откритие го нарекол Х-зраци, бидејќи нивната природа во тој момент не му била позната. Подоцна, во негова чест, тие го добиле името Рентгенови зраци.

Ова откритие овозможило лекарите да ги прегледуваат коските и внатрешноста на човечкото тело без хируршка интервенција. Во 1901 година Рентген ја добил првата Нобелова награда за физика во историјата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО