На 8 ноември 1999 година, на 101-годишна возраст почина Леон Штукeљ, легендарниот словенечки гимнастичар и еден од најголемите спортисти што ги дала поранешна Југославија.
Штукeљ беше првиот олимписки победник од просторот на поранешна Југославија. На Олимписките игри во Париз во 1924 година освои два златни медала, а четири години подоцна во Амстердам повторно се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.
Во текот на својата кариера освои бројни олимписки и светски одличја, а остана запаметен и како еден од најстарите живи олимписки шампиони. Неговото име и денес има посебно место во историјата на балканскиот спорт.

