Британскиот боксер Зак Милер доживеа тешка повреда за време на дуелот со Гали Повар за титулата британски шампион во перолесна категорија. По еден судир со главите на двајцата боксери, над десното око на Милер почна да се создава огромен хематом, кој со текот на мечот стануваше сè поголем и предизвика загриженост кај коментаторите и боксерските експерти.
Иако повредата изгледаше сериозно, лекарот покрај рингот дозволил борбата да продолжи. Милер успеал да ги издржи и следните две рунди, но по десеттата рунда било одлучено дека не може да продолжи со мечот.
Снимките од неговото повредено лице предизвикаа бурни реакции, а поранешниот светски шампион Карл Фремптон призна дека досега не видел толку голем оток во боксерски ринг. И коментаторот Аде Оладипо оцени дека станува збор за една од најлошите повреди што ги видел во овој спорт.
Поради прекинот, победникот бил одлучен според судиските бодови. Сите тројца судии му ја доделиле победата на 24-годишниот Повар, со резултати 96:95, 97:94 и 96:94, со што тој ја освои титулата британски шампион во перолесна категорија.
Случајот отвори и прашања за безбедноста на боксерите, особено поради одлуката мечот да продолжи и покрај видливото зголемување на хематомот. Состојбата на Милер предизвика реакции и поради ризикот што ваквите повреди можат да го претставуваат за здравјето на спортистите.
Do you like this personality?

