HomeСПОРТХЕЗОЊА БЕЗ НИТУ ЕДЕН ПОЕН ВО ПОРАЗОТ НА КЛИВЛЕНД

ХЕЗОЊА БЕЗ НИТУ ЕДЕН ПОЕН ВО ПОРАЗОТ НА КЛИВЛЕНД

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња имаше вечер за заборав во дресот на Кливленд, откако неговиот тим загуби на домашен терен од Њујорк Никс со 97:109. Хезоња не успеа да постигне ниту еден поен, што е негов најслаб офанзивен настап откако се врати во НБА-лигата.

За 18 минути поминати на паркетот, хрватскиот репрезентативец промаши шест шута од игра, од кои пет беа обиди за три поени. Натпреварот го заврши со пет скока и една асистенција, без постигнат поен, украдена топка или блокада.

Ова беше негов прв натпревар во актуелната сезона на кој остана без поени, и тоа само еден ден по одличното издание против Филаделфија. Во победата од 119:95, Хезоња забележа дабл-дабл со 15 поени и 10 скока.

Покрај променливата форма, неизвесна е и неговата иднина во Кливленд. Хезоња летово потпиша едногодишен договор вреден околу 2,85 милиони долари, по заминувањето од Реал Мадрид, но договорот не е целосно гарантиран.

Според информациите на НБА-инсајдерот Мајкл Скот, неговата плата ќе стане целосно гарантирана доколку остане член на Кливленд до 15 ноември. Тоа значи дека клубот дотогаш има можност да се раздели со него без обврска да му го исплати целиот договорен износ.

Хезоња во досегашните 10 натпревари сезонава бележи просек од 8,4 поени, 6,2 скока и 1,8 асистенции, а со своите настапи досега успеа да се наметне во ротацијата на тренерот Кени Аткинсон.

Во меѓувреме, Њујорк стигна до победата предводен од Џејлен Брансон, кој постигна 31 поен и девет асистенции, додека Карл-Ентони Таунс додаде 29 поени и 13 скока. Кај Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 37 поени, но неговиот учинок не беше доволен за пресврт.

Брансон особено доминираше во втората четвртина, кога постигна 18 последователни поени за својот тим, а Њујорк во еден момент имаше и предност од 19 поени. Кливленд го запиша петтиот пораз во сезоната.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО