По одличните настапи во последните недели, особено во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид поранешниот извршен директор Оливер Кан го гледа Мајкл Олисе на патот кон најголемото индивидуално признание во светскиот фудбал златната топка.
МИЦКОВСКИ МУ ЧЕСТИТА НА МАЃАР
Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар.Oчекувам да води про-европски политики,и очекувам поддршка за членство во ЕУ на Македонија.
ПАПАТА ЛАВ 14 ВО АФРИКА
Папата Лав XIV започна турнеја низ четири африкански земји, Раководител на центарот за африкански студии на високата школа за економија во Москва, изјави дека расколот на запад значи дека Ватикан сега повеќе од кога било има потреба од независна политика.Патувањето на папата во Алжир, Камерун, Ангола и Екваторијална Гвинеја од 13 до 23 април ќе се фокусира на мирот, миграцијата, животната средина.
АУРЕЛИО ДЕ ЛАУРЕНТИС
Во едно интервју за „Њујорк тајмс“, тој повторно ги претстави своите радикални идеи за модернизација на фудбалот, објасни зошто би го скратил полувремето на 25 минути, би ги укинал офсајдот и жолтите картони, но зборуваше и за Антонио Конте.
КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ ВО ОПАЃАЊЕ
Извозот на Кина нагло се забави во март, сигнализирајќи ги последиците од војната и минатогодишниот пораст на испораките пред новите американски царини.Извозот на Кина се зголеми за само 2,5 проценти во март во однос на претходната година, што е најслабо во последните пет месеци.
ОФАРБАЈТЕ ЈАЈЦА СО ПРИРОДНИ БОИ
Вештачките бои знаат да бидат отровни и не е препорачливо јајца да им се даваат на деца помали од 5 години.Цвекло или лушпи од црвен кромид дава природни црвена боја.За посветли нијанси скратете го времето на јајцата во бојата.
ВЕЛИГДЕН ВО ГРЦИЈА ?
Новиот европски систем за влез, излез во ЕУ би може да предизвика огромни гужви за граѓаните кои за викендов сакаат да го посетат нашиот јужен сосед.
ГОРИВОТО И ХРАНАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОЕВТИНО ОТКОЛКУ ВО СОСЕДСТВОТО
Протокот на патници и возила за влез и излез на граничните премини е зголемен во првите три месеци од годината.Најчесто нашите соседи купуваат прехрамбени производи и нафтени деривати,кои во нивните држави се со повисоки цени од нашите.
ОНЛАЈН ТРГОВИЈА ВО ПОРАСТ
Онлајн тговијата бележи раст,Граѓаните најчесто ги користеле за трговија од компании надвор од Македонија
НОВИ МЕРКИ ПО ВЕЛИГДЕН
Мора да се подготвиме за подолг период не смее да се носат одлуки под притисок, туку паметно и мудро за нови мерки ќе се одлучува по велигденските празници.

