Трамп го разгледа иранскиот предлог со своите врвни помошници за национална безбедност. Конфликтот меѓу САД и Иран е сè уште во застој, а снабдувањето со енергија од регионот е намалено.Ирански извори претходно во понеделник изјавија дека нивниот предлог ќе ја одложи дискусијата за нуклеарната програма на Иран додека не заврши војната и не се решат споровите околу превозот од Заливот. Вашингтон, од друга страна, изјави дека нуклеарните прашања мора да се решат од самиот почеток.Да ве потсетиме дека синоќа циркулираа сосема спротивни информации – дека Трамп веројатно ќе го прифати иранскиот предлог. Сепак, работата за премостување на јазот меѓу САД и Иран не запре, соопштија извори во посредничкиот Пакистан.


