Еден работник вработен во нуклеарната централа Запорожје е убиен во напад од украински дрон, соопшти денес електраната.Како резултат на напад од беспилотно летало на вооружените сили на Украина на територијата на транспортна работилница, возачот е убиен,според објава на платформата Макс, пренесува РИА Новости. Раководството на електраната ветило дека ќе му пружи помош и поддршка на неговото семејство. Ова е ужасна и непоправлива загуба. Длабоко тагуваме со семејството и пријателите на починатите. Секој напад врз нуклеарните централи претставува закана, не само за луѓето, туку и за безбедноста воопшто. Ова е удар врз животите и иднината,изјави прес-службата на електраната.


