Музиката, сценскиот настап и уметноста ќе бидат во центарот на The Haute Wed Gala 2026, која ќе се одржи денес со почеток во 19:00 часот во Park by Ragusa Group. Во програмата се вклучени повеќе македонски уметници и изведувачи од различни области, со настапи кои ги обединуваат музиката, сценската естетика и визуелниот перформанс.
Меѓу учесниците на гала-вечерта е Калина Велковска, пејачка со две децении сценско искуство, која има настапувано во различни музички проекти, вклучително и The Voice Bulgaria.
На сцената ќе настапи и Пламенка Трајковска, виолинистка која работи на различни музички проекти, а нејзиниот репертоар опфаќа класична, кросовер и поп-музика.
Дел од програмата е и пејачката Полина, која има магистерски студии по соло пеење, а настапува со разновиден репертоар и авторска музика.
Музичката програма ќе биде збогатена и со настапот на Steffan Sax, кој создава музичка атмосфера со саксофон на свадби и свечени настани.
Меѓу вокалните изведувачи е и Мартина Елиора, односно Мартина Митревска, која ги спојува класичниот кросовер, попот и операта.
На гала-вечерта ќе настапи и Стефан Николовски, кој изведува македонски евергрини и американски џез стандарди.
Во програмата е вклучена и Магдалена Алексовска, пејачка, авторка, актерка и вокална педагогинка, која настапува со џез, поп, мјузикл и опера.
Учесничка е и Ана Петановска, македонска пејачка со поп-рок израз и авторска музика.
Инструменталниот дел ќе го збогати Јордан Петрушевски, пијанист со меѓународни настапи и класичен музички израз.
Дел од учесниците е и Жарко Димоски, македонски актер, пејач и водител, чиј сценски израз ги спојува музичкиот театар, кабарето и живиот настап.
Посебен сценски сегмент ќе има Pole People, студио за пол и воздушни дисциплини, кое според материјалот веќе 13 години создава настапи што ги спојуваат силата, движењето и елеганцијата.
Режијата и музиката на гала-програмата ги потпишува Ѓорѓи Петрушевски, обоист и режисер со меѓународна кариера.

Фотографското и видео-бележењето на настанот е доверено на повеќе автори и продукциски тимови, меѓу кои Frozen Time Drops, City Plus, Дејан Крстевски, kiki.muki, Playback Weddings, Sokolov Videography, Aurora Lights Wedding, Мартин Андонов, Виктор Арсовски, Alexmenki Photography и Бојан Стоилковски.
The Haute Wed Gala 2026 ќе ги обедини сите учесници во една вечер посветена на музиката, сценската уметност и креативноста, денес со почеток во 19:00 часот во Park by Ragusa Group.

