Ракометарите на Алкалоид со убедлива победа го завршија првиот натпревар против австрискиот Ферлах во второто коло од Европскиот куп. Македонскиот претставник славеше со 31:22, откако уште во првото полувреме ја презеде контролата врз играта и на паузата замина со предност од 16:11.
Алкалоид продолжи со сигурна игра и во вториот дел, постепено зголемувајќи ја разликата. Домашниот состав беше поефикасен во нападот и успеа да ја задржи контролата до самиот крај, за конечна победа од девет гола разлика.
Марко Митев беше најдобар стрелец во редовите на Алкалоид со седум погодоци, а Никола Костески постигна шест гола. Значаен придонес имаше и голманот Иван Галевски, кој запиша десет одбрани.
Кај австрискиот тим, најрасположен за игра беше хрватскиот интернационалец Тони Перкушиќ, кој седум пати ја затресе мрежата на македонскиот состав.
Реваншот ќе се игра на 24 октомври на теренот на Ферлах. Алкалоид на гостувањето во Австрија ќе отпатува со предност од девет гола од првиот дуел.

