HomeМКДБУТЕЛ ГИ ОТСТРАНИ БЛОКАТОРИТЕ СО КОИ БИЛЕ ПРИСВОЕНИ ЈАВНИ ПАРКИНГ-МЕСТА ВО СКОПЈЕ...

БУТЕЛ ГИ ОТСТРАНИ БЛОКАТОРИТЕ СО КОИ БИЛЕ ПРИСВОЕНИ ЈАВНИ ПАРКИНГ-МЕСТА ВО СКОПЈЕ СЕВЕР

Незаконското присвојување јавни паркинг-места и узурпацијата на тротоарите ќе бидат предмет на засилени контроли во Општина Бутел. По реакции од жителите на Скопје Север, општинските екипи излегоа на терен и ги отстранија металните блокатори со кои биле заземени паркинг-места наменети за сите граѓани.

Градоначалникот Дарко Костовски порача дека јавниот простор не може да биде приватна сопственост на поединци и дека правилата мора да важат за сите, без исклучок. Со интервенцијата, како што информираше општината, повторно се ослободени местата што биле блокирани со нелегално поставени метални пречки.

Костовски најави и мерки против возачите кои непрописно ги паркираат автомобилите и ги заземаат тротоарите. За ваквите прекршоци ќе бидат изрекувани соодветни казни од Министерството за внатрешни работи, додека возилата што го попречуваат движењето на пешаците ќе бидат отстранувани со пајак-служба.

Пораката од општинските власти е дека тротоарите мора да останат проодни за пешаците, а јавните паркинзи достапни за сите жители, наместо да се узурпираат со самоволно поставени пречки.

Засега не е соопштено колку блокатори биле отстранети, ниту кој ги поставил. Од најавите на градоначалникот произлегува дека контролите и акциите ќе продолжат со цел да се спречи повторно заземање на јавните површини.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО