HomeСПОРТМОДРИЌ ВЛЕЗЕ ОД КЛУПАТА, НО НЕ УСПЕА ДА ГО СПАСИ МИЛАН

МОДРИЌ ВЛЕЗЕ ОД КЛУПАТА, НО НЕ УСПЕА ДА ГО СПАСИ МИЛАН

Милан продолжува со разочарувачките настапи во Лига Европа, откако на домашен терен загуби со 0:2 од Ференцварош. Хрватскиот ветеран Лука Модриќ доби шанса во второто полувреме, но ниту неговото присуство не беше доволно за италијанскиот тим да избегне нов неуспех.

Модриќ влезе во игра во 63. минута, заменувајќи го Ардон Јашари, во обид да внесе поголема стабилност и креативност во средниот ред. Сепак, Милан не успеа да го промени текот на натпреварот и го претрпе третиот пораз во четирите европски средби.

Херој на гостинскиот тим беше Францади Пјеро Жозеф, кој ги постигна двата гола во 52. и 66. минута и му донесе значајна победа на Ференцварош.

Италијанските медиуми различно го оценија настапот на Модриќ, а неговите оценки се движеа од 5,5 до 6, што го смести меѓу подобро оценетите фудбалери на Милан.

„Милан њуз“ му додели оценка 6, истакнувајќи дека се обидел да внесе енергија во тимот откако резултатот веќе беше 0:2. Според нивната анализа, хрватскиот фудбалер се обидел да ја раздвижи играта во момент кога неговите соиграчи не успевале да најдат решение.

„Еуроспорт Италија“ беше покритичен и го оцени со 5,5. Во анализата се наведува дека Модриќ влегол во игра во обид да ја промени ситуацијата, но и тој тешко успеал да го разбуди пасивниот Милан, кој губел премногу дуели во средината на теренот.

И „Гол Италија“ му додели шестка, со што го вброи меѓу ретките играчи на италијанскиот тим кои добија позитивна оценка. Порталот оцени дека Милан речиси во ниту еден момент не покажал дека може сериозно да му се закани на противникот.

Најстрога беше оценката на „Скај Спорт Италија“, кој на Модриќ му додели 5,5. Медиумот оцени дека ниту еден фудбалер на Милан не заслужил преодна оценка, а посебни критики упати и за измените направени во текот на натпреварот.

По четири одиграни кола, Милан останува на само три бода во Лига Европа, па неговите шанси за продолжување на европскиот настап се дополнително искомплицирани.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО