HomeМКДЕкономијаСАМИ МОРИНА ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

САМИ МОРИНА ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Сами Морина е новиот претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), откако ја доби поддршката на Шестото изборно собрание на комората.

На седницата беше спроведен целокупниот изборен процес, при што новиот состав на Собранието донесе одлука Морина да застане на чело на Управниот одбор на СКСЗМ.

Новиот претседател ќе ја извршува функцијата во следниот четиригодишен мандат, во период во кој комората ќе продолжи да ги застапува интересите на компаниите и деловната заедница од северозападниот дел на земјата.

На изборното собрание присуствуваа новоизбраните членови на Собранието, како и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, заедно со други претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Со изборот на Морина започнува новиот мандат на раководните структури на комората.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО