HomeТРЕНД„ХЕРОИ“ СЕ ПОЈАВИ НА ТВ И ОСВОИ МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ

„ХЕРОИ“ СЕ ПОЈАВИ НА ТВ И ОСВОИ МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ

На 25 септември 2006 година на американската телевизија NBC премиерно беше прикажана серијата „Херои“, која за кратко време прерасна во еден од најголемите телевизиски хитови во сезоната.

Серијата, создадена од Тим Кринг, раскажува за луѓе кои на прв поглед живеат сосема обичен живот, но откриваат дека имаат необични, натприродни способности. Приказната е замислена во стил сличен на стриповите, а различните судбини на главните ликови постепено се поврзуваат.

Меѓу најпознатите ликови се Питер Петрели, кој може да ги презема способностите на другите, средношколката Клер Бенет, која брзо се регенерира по повреди, и Хиро Накамура, кој има способност да влијае врз просторот и времето.

Уште првата сезона привлече огромно внимание. Премиерната епизода ја гледале околу 14,3 милиони луѓе, а серијата стана препознатлива и по фразата „Спаси ја навивачката, спаси го светот“, која се однесува токму на ликот на Клер Бенет.

„Херои“ доби и значајни признанија и номинации. Американскиот филмски институт ја вброи серијата меѓу десетте најдобри телевизиски програми во 2006 година, додека првата сезона освои осум номинации за наградата „Еми“.

Сепак, успехот од првата сезона не траеше со ист интензитет. Во текот на следните сезони гледаноста постепено опаѓаше, а самите автори подоцна признаа дека развојот на приказната не бил на очекуваното ниво.

NBC ја прекина серијата во 2010 година, по четири сезони. Пет години подоцна приказната беше повторно оживеана со минисеријата „Heroes Reborn“, која имаше 13 епизоди и донесе комбинација од нови и познати ликови.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО