HomeМКДЗдравствоЗАВРШЕНО ЧЕТВРТОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

ЗАВРШЕНО ЧЕТВРТОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

Скопје продолжува со засилените мерки за намалување на бројот на комарци, особено во подрачјата каде што се регистрирани случаи на западнонилска треска. Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во главниот град е завршена четвртата редовна акција за третирање на возрасните комарци.

Во рамки на акцијата биле спроведени и авионско и земјено прскање. Авионската дезинсекција се реализирала на 20 и 21 август, додека земјеното прскање траело од 20 до 26 август.

Покрај редовната акција, надлежните досега спровеле и шест дополнителни прскања на локации каде што проценката покажала потреба од итна интервенција.

Една од поголемите интервенции била реализирана во општина Гази Баба, каде што било опфатено подрачје од над 400 хектари. Дополнително прскање било извршено и во Кисела Вода, поточно во Драчево. Овие две акции биле реализирани на 14 и 15 август.

Вонредни третирања имало и во Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров.

Според Клековски, прскањата се насочени кон конкретни подрачја, односно локации каде што има регистрирани случаи на западнонилска треска, со цел да се намали ризикот од дополнително ширење на инфекцијата преку комарци.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО