HomeСПОРТ„МАКЕДОНИЈА НЕ Е ВО ФУДБАЛСКАТА ЕЛИТА“

„МАКЕДОНИЈА НЕ Е ВО ФУДБАЛСКАТА ЕЛИТА“

Словенија конечно стигна до победа која ѝ беше неопходна, а по триумфот од 2:0 над Македонија, селекторот Боштјан Цесар се обиде да ја смири еуфоријата и веднаш ги насочи погледите кон следниот предизвик.

За Цесар ова беше прв официјален триумф откако го презеде кормилото на словенечката репрезентација. Под голем притисок по неколку неубедливи настапи, селекторот доби значаен резултат, но предупреди дека неговите фудбалери не смеат да се опуштат по една победа.

Словенците беа подобар противник на „Стожице“ и со двата гола ја продолжија серијата проблеми за македонската репрезентација. Домашниот тим уште во почетокот имаше можност да поведе, но ударот на Випотник заврши во рамката од голот.

Цесар истакна дека токму смиреноста по пропуштената шанса била важна за неговиот тим.

„Многу сум задоволен што втор натпревар по ред не примивме гол и што продолживме да веруваме дека ќе дојдеме до погодок. По ударот во гредата имаше одредена нервоза, но успеавме да останеме концентрирани и подоцна да ги искористиме шансите“, изјави словенечкиот селектор.

Тој им честиташе на своите играчи за прикажаното издание, но истовремено порача дека победата треба да биде само почеток на подобар период.

„Одигравме одличен натпревар и ова треба да биде основа за понатамошен напредок. Сепак, нема место за голема еуфорија. Треба да одиме чекор по чекор и да бидеме подготвени за следниот натпревар“, додаде Цесар.

Словенечкиот селектор притоа даде и оценка за македонскиот тим, посочувајќи дека иако станува збор за квалитетна репрезентација, според него Македонија не е меѓу најдобрите европски селекции.

Следниот сериозен тест за Словенија ќе биде дуелот со Швајцарија, натпревар кој Цесар го смета за вистински показател дали неговиот тим навистина направил чекор напред.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО