HomeСПОРТМБАПЕ ГО НАСМЕА МАЛИОТ НАВИВАЧ КОЈ БЕШЕ ПОГОДЕН СО ТОПКА ВО ЛИЦЕ

МБАПЕ ГО НАСМЕА МАЛИОТ НАВИВАЧ КОЈ БЕШЕ ПОГОДЕН СО ТОПКА ВО ЛИЦЕ

Килијан Мбапе приреди незаборавен момент за еден млад навивач на Расинг Сантандер, кој за време на натпреварот против Реал Мадрид доби силен удар од топка директно во лицето. Францускиот напаѓач успеа да го расположи момчето, притоа шегувајќи се на сметка на својот соиграч Орелијан Чуамени, чиј непрецизен шут заврши на трибините.

Инцидентот се случи во 50. минута од натпреварот од 11. коло во шпанската Ла Лига. Чуамени се обиде да упати удар од голема далечина, но наместо кон голот, топката заврши на трибината и го погоди момчето кое седеше зад голот.

Младиот навивач бил видно вознемирен, а телевизиските камери го забележале како плаче во прегратката на својот татко.

Реал Мадрид на крајот славеше со 3:0, но по натпреварот следуваше гест што целосно го промени расположението на малиот навивач. Клубот му овозможи на момчето и на неговиот татко да се сретнат со фудбалерите во соблекувалната.

Чуамени лично му се извинил, прашал како се чувствува и му подарил дрес со свој потпис.

Момчето се вика Максимо, а неговиот татко потврдил дека нема сериозни последици од ударот.

„Максимо е одлично, тоа беше само шок. Добро е“, изјавил таткото, заблагодарувајќи му се на Реал Мадрид за вниманието и убавиот гест.

Особено интересен бил моментот кога Мбапе му пришол на момчето и го прашал дали е добро, а потоа решил да се пошегува со својот соиграч.

„Како си? Добро ли си? За сè е виновен Чуамени, нели? Тој не знае да шутира“, му рекол Мбапе, предизвикувајќи насмевки кај момчето и неговиот татко.

Така, она што започна како непријатна ситуација на трибините заврши со средба со ѕвездите на Реал Мадрид, извинување и подарок што младиот Максимо долго ќе го памети.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО