HomeМКДЕкономијаНОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА

Ново поскапување на горивата во Северна Македонија. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука со која од 18 август 2026 година, од 00:01 часот, се зголемуваат највисоките малопродажни цени на нафтените деривати.

Најголемо поскапување има кај дизелот, кој поскапува за 6,50 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за 4,50 денари за литар.

Според РКЕ, просечното зголемување на малопродажните цени изнесува 4,85 проценти во однос на претходната одлука од 10 август.

Нови цени на горивата

ГоривоДосегашна ценаНова ценаПоскапување
Еуросупер БС-9587,00 ден/л91,50 ден/л+4,50 ден
Еуросупер БС-9889,00 ден/л93,50 ден/л+4,50 ден
Еуродизел БС91,50 ден/л98,00 ден/л+6,50 ден
Екстра лесно масло – ЕЛ-192,50 ден/л98,50 ден/л+6,00 ден
Мазут М-1 НС43,538 ден/кг43,726 ден/кг+0,188 ден

Новите цени ќе важат од 18 август, односно возачите од полноќ ќе плаќаат поскапо гориво.

Најголем удар за граѓаните е кај дизелот, чија цена повторно се приближува до границата од 100 денари за литар. Бензинот од 95 октани, пак, ќе се продава за 91,50 денари за литар.

Ова е нова промена на цените само една недела по претходната одлука на РКЕ, со која горивата беа поевтинети.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО