HomeМКДПРЕСУДАТА ЗА ЛИДЕРИТЕ НА ОВК Е НЕПРАВЕДНА И РАЗОЧАРУВАЧКА

ПРЕСУДАТА ЗА ЛИДЕРИТЕ НА ОВК Е НЕПРАВЕДНА И РАЗОЧАРУВАЧКА

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реагираше на пресудата од Хаг со која поранешните команданти и политички претставници на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, беа осудени на повеќегодишни затворски казни за воени злосторства.

Ахмети ја оцени одлуката како неправедна и изрази длабоко разочарување, но истовремено повика на смиреност и единство, предупредувајќи дека пресудата не треба да биде причина за нови поделби и тензии.

„Не смееме да дозволиме да се создадат тензии или поделби, ниту да се наруши угледот на ослободителната борба на народот на Косово“, порача Ахмети.

Тој смета дека правната битка не е завршена и најави дека одбраната ќе продолжи со жалбена постапка. Според него, во наредната фаза ќе има можност да се оспорат заклучоците на првостепениот суд.

Ахмети во својата реакција ја брани историската улога на ОВК, наведувајќи дека нејзиното дејствување било поврзано со борбата за слобода и независност на Косово. Тој порача дека историјата на косовскиот конфликт не може да се менува преку една судска постапка.

Воедно, лидерот на ДУИ се осврна и на претходните наводи за трговија со органи, кои со години беа поврзувани со поранешните припадници и раководители на ОВК. Ахмети тврди дека тие наводи не довеле до обвиненија во актуелниот судски процес.

Според официјалните информации од Специјализираните совети на Косово, обвинението во предметот опфаќало обвиненија за злосторства против човештвото и воени злосторства поврзани со периодот од 1998 до 1999 година.

На денешното изрекување на пресудата, Хашим Тачи беше осуден на 25 години затвор, Јакуп Красниќи на 25 години, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години. Според судот, четворицата се прогласени за виновни за повеќе воени злосторства, додека обвиненијата за злосторства против човештвото не резултирале со осудителна пресуда. Одлуката може да биде предмет на жалба.

Ахмети, сепак, порача дека борбата ќе продолжи преку правните механизми и повика на воздржаност во периодот по изрекувањето на пресудата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО