Украина и Италија ја продлабочуваат соработката во областа на воените технологии, а во тој процес ќе биде вклучен и поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров.
Федоров прифатил ангажман како советник на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, каде што ќе се занимава со прашања поврзани со иновациите и развојот на современи одбранбени технологии.
Неговата задача ќе биде да помогне во унапредувањето на италијанскиот одбранбен сектор и неговото приспособување кон новите видови безбедносни закани.
Иако доби функција во Италија, Федоров вели дека нема да се пресели во Рим. Тој најави дека ќе продолжи да работи во Украина на проекти поврзани со зајакнување на одбранбените капацитети и привлекување странски инвестиции.
Според информациите на „Политико“, неговиот нов советнички ангажман ќе се одвива паралелно со плановите за основање инвестициски фонд насочен кон украинската одбранбена индустрија.
Федоров беше министер за одбрана на Украина само шест месеци, по што беше разрешен во рамките на реконструкцијата на владата што ја спроведе претседателот Володимир Зеленски.
Неговото разрешување предизвика реакции во Украина, а политичките промени подоцна продолжија и со смената на шефот на украинската армија Олександр Сирски.

